Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно најдобар странски спортист во Град Скопје, награда и за Сара Ристовска
Лејно најдобар странски спортист во Град Скопје, награда и за Сара Ристовска

Лејно најдобар странски спортист во Град Скопје, награда и за Сара Ристовска

Во текот на денешниот ден во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа  за 2016 година. Традиционално Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за годината што изминува. Се избираат најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија и пет во младинска.

Како и кај момците каде беа наградени Гонзалес и Стоилов види, така и кај девојките имаше награди за црвено-црните. Амандин Лејно е избрана за најдобар странски спортист во Скопје за 2016 година, во изборот на градот. Таа годината ја заврши со бронзен медал од последното ЕП во Шведска, а со екипата на Вардар беше исто така бронзена на Ф4 турнирот во ЕХФ лигата на шампионките. Во домашното првенство вардарки беа супериорни и ја освоија двојната круна. Во топ-10  сениорки во Скопје се најде и нашето десно крило, Сара Ристовска. Таа се пласирше на четврата позиција, Сара   беше дел од успесите на екипата во 2016 година.