Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Провел блеска, но Вардар губи
Провел блеска, но Вардар губи

Провел блеска, но Вардар губи

Македонскиот кошаркарски првак Работнички забележа нова рутинска победа во Првата лига и на гостински терен во „Кале“ кај Вардар успеа да слави со 89-107, за осма радост во новата сезона и успешен крај на гостинските настапи за оваа година.

Во редовите на Вардар повторно блесна Провел кој даде 36 поени, но и тие поени не беа доволни да се избегне висок пораз бидејќи освен него и Ивановиќ, другите играчи не беа поентерски расположени. Кај победничкиот тим Бојан Крстевски уфрли 22 поени, а Костов 21.

Вардар овој викенд гостува кај Кожув во последното есенско коло.