КК Вардар доживеа нов пораз. Вчера нашите играчи беа поразени од тимот на КК Фени Индустри на гостински терен со резултат 77:63 (24-10; 18-11; 17-23; 18-19).
Уште по првите десет минути се надзираше уште еден пораз на нашите кошаркари. Првата четвртина нашиот тим ја загуби со високи 24-10. Вториот период исто така нашиот тим го загуби, овој пат со резултат 18-11. Во второто полувреме, како и на секој дуел, Вардар прикажа подобра игра, но, недоволна за позначаен резултат. На крај, тимот на Фени, се радуваше на победа издвојувана со резултат 77:63.
Во нашиот тим и на овој натпревар немаше многу расположени играчи за игра. Само Адекунле беше двоцифрен, овој играч постигна 17 поени, а имаше и 5 скока, Лефкоски беше втор стрелец со 9 поени. Во победничкиот тим Николовски реализираше 13 поени, а Марковски имаше дабл-дабл ефект од 11 поени и 10 скока.