Кошаркарите на Вардар претрпеа уште еден пораз, изминатиов викенд нашиот тим загуби од Куманово 86-69 (16-17,26-17,23-14,21-21) и остана на последната позиција на табелата без ниту една победа.
Младите играчи на Вардар успеаја да парираат само во првата четвртина, фаворизираниот тим на Куманово во втората и третата четвртина го реши победникот на овој натпревар. На полувреме нашиот тим имаше осум поени негатива.
Искусниот играч Данило Мијатовиќ беше најрасположен за игра во домашниот тим, постигна 28 поени а имаше и 9 скока, го следеа Караколев и Живановиќ кој постигнаа по 11. Кај нашиот тим Адекунле мечот го заврши со 17 постигнати поени, Шалев, Зекири и Митков запишаа по 12.