Бразилскиот интернационалец во “црвено – црниот” дрес Хуан Фелипе, вчера го одигра својот 50. првенствен натпревар за Вардар. Овој мал јубилеј бразилецот го прослави со извонредна партија против директниот конкурент за титулата екипата на Шкендија. Фелипе постигна два гола, едниот од белата точка во првиот дел, а потоа и оној феноменален погодок во второто полувреме од слободен удар.
Му го честитаме 50. првенствен натпревар на нашиот одличен играч, му посакуваме уште многу настапи и голови да забележи зад свото име во “црвено – црниот” дрес на Вардар.