Викендов на програмата беше 3.коло во Македонската кугларска лига, Вардар во истото го очекуваше тежок натпревар на гостински терен кај тимот кој е шампион на Република Македонија последнава деценија и пол, КК Макпетрол. Сепак по договор на двата клуба саботниот натпревар беше одложен и доби нов термин кој е договорен доцна вчера.
Натпреварот се игра во четврток, 26-ви октомври со почеток во 16-30 часот. Овој меч ќе се одигра во кугланата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Макпетрол е огромен фаворит во овој дуел поради играчите промени во црвено-црниот состав во изминатиот преоден рок. По две одиграни кола токму овие два тима имаат максимален број бодови, четири и се на врвот на табелата во МКЛ.