Во текот на вчерашниот ден на терените на ФФМ во Ново Лисиче во рамки на детската лига ФК Вардар (3) генер.2006 предводен од Томче Трајановски се сретна со тимот на ФК Скупи. Вардарци во еден интересен дуел дојдоа до нова победа со резултат 5-2 (2-1). Посебно за пофалба е дека црвено-црните се родени генерација 2007 и 2008, а се натпреваруват со противници родени 2006 година.