Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Дикембе Диксон нов играч на КК Вардар
Дикембе Диксон нов  играч на КК Вардар

Дикембе Диксон нов играч на КК Вардар

Големите проблеми со кои се соочи и на играчки и на здравствен план, екипата на Вардар ќе се обиде да ги среди во вториот дел од сезоната во кои треба да влезе засилен.

Прв нов играч на „црвено-црните“ во 2021 година е американскиот интернационалец Дикембе Диксон кој своето име го добил по славниот НБА кошаркар Дикембе Мутомбо. Во Скопје доаѓа од Бразил, односно од екипата на Баскет УниФашиша.

Има 24 години, висок е 201 сантиметар и може да ги покрие позициите 3 и 4. Првите впечатоци велат дека има одлични физички предиспозиции и е исклучително атрактивен.

Останатите тројца странски кошаркари: Ајуда Нивеш, Дино Радош и Џуниус Провел остануваат во Вардар и во вториот дел од сезоната, исто како и останатиот играчки кадар.