Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во кои периоди од натпреварите во ПМФЛ, екипата на Вардар постигнуваше голови
Во кои периоди од натпреварите во ПМФЛ, екипата на Вардар постигнуваше голови

Во кои периоди од натпреварите во ПМФЛ, екипата на Вардар постигнуваше голови

Екипата на ФК Вардар го имаше петтиот најдобар напад во лигата после завршување на есенскиот дел. Црвено-црните на 18 одиграни натпревари постигнаа вкупно 24 голови, додека прв на оваа листа е тимот на Шкендија со 36 погодоци.

Што се однесува до бројот на постигнати голови во редовите на Вардар, истите речиси беа рамномерно распределени во двете полувремиња од мечевите во ПМФЛ. Статистиката вели дека вардарци 11 голови во противничките мрежи постигнале во првото поувреме, додека 13 во вториот дел. Највеќе голови, вкупно 5, сме постигнувале во периодите од 11-20 и 51-60 минута, додека никогаш не сме ја треселе мрежата на противниците од 21-30 минута.

Од 71-80 минута паднале четири голови, додека по 3 гола сме постигнале во првите и последните десет минути од дуелите во лигата. Во перидот од 31-40 минута имаме два погодоци, и по еден од 41-50 и 61-70 минута.