Младинските екипи на ФК Вардар можат да се пофалат дека имаат играчи кои се наоѓаат во ТОП-3 листата на најдобри стрелци, во три возрасни категории.
Кај помладите пионери, нашиот напаѓач и капитен на Вардар, Никола Величковски се наоѓа на второто место со 9 постигнати голови.
ТОП-3 најдобри стрелци во помладата пионерска супер лига:
Зани Назифоски ( Шкендија) -13
Никола Величковски ( Вардар) -9
Мартин Ѓорѓиевски ( Академија Пандев) -8
Втор најдобар стрелец имаме и во кадетската лига, позиција која е за Антонио Мирков кој постигна 5 голови во есенскиот дел од сезоната.
ТОП-3 најдобри стрелци во кадетската супер лига:
Беким Алимоски ( Победа) -7
Антонио Мирков ( Вардар) -5
Христијан Торнески ( Пелистер) -5
Бесар Гуџуфи е втор најдобар голгетер во младинската лига со вкупно 7 голови.
ТОП-3 најдобри стрелци во младинската супер лига:
Рејан Абази ( Работнички) -9
Бесар Гуџуфи ( Вардар) -7
Фитон Адеми ( Шкендија) -6