Порано од предвиденото, екипата на РК Вардар ќе го започне пролетниот дел од сезоната. Првично, првиот дуел во новата година требаше да го одиграме на 1.февруари во СЕХА-лигата против екипата на Нексе.
Сепак, поради густиот распоред на вардарци во месец февруари, каде ќе треба да одигра дури седум натпревари во ЛШ и три во СЕХА, челните луѓе на ова натпреварување му излегоа во пресрет на Вардар.
Така, Вардар ќе стартува на 28.јануари со натпревар против екипата на Војводина. Истиот ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански, а саатницата ќе биде дополнително одредена.
На 11. јануари ( понеделник), Алушовски ќе го има првиот собир со неговите играчи, кога ќе започнат подготовките за вториот дел од сезоната.