Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Одбојка: Вардар “меле” на домашен терен
Одбојка: Вардар “меле” на домашен терен

Одбојка: Вардар “меле” на домашен терен

Одбојкарите на Вардар вчера имаа нов натпревар во рамките на одбојкарската прва лига. Нашите играчи и по трет пат се радуваа на триумф пред своите гледачи во Спортската сала “Форца”. Нов во низата победи на домашен терен беше тимот на ГОК Борец од Велес. Нашите одбојкари овој натпревар го добија со резултат 3-1 и стигнаа до третата победа во лигата.

Момците на тренерот Стојанов, исто како и на предходниот домашен натпревар против Шутова, во целост го надиграа противникот и славеа сигурна победа. Оваа сезона во нашата сала “паднаа” екипите на УГД Студент, потоа шампионот Шутова и ГОК Борец. Честитки до целиот тим.

Фото: Panevski