Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарци на крај попуштија и загубија од Фени
Кошарка: Вардарци на крај попуштија и загубија од Фени

Кошарка: Вардарци на крај попуштија и загубија од Фени

КК Вардар доживеа уште еден пораз во кошаркарската елита. Вчера нашите момци на домашен терен беа поразени од КК Фени Индустри со резултат 54:59. Ова беше најдобриот натпревар за нашите играчи во оваа сезона. Момците на Кочов беа многу блиску до сензација, односно триумф над големиот фаворит, но, натпреварот го загубија во последната минута.

Вардарци првата четвртина ја добија со резултат 13:7. Иако ја загубија втората, сепак, нашите играчи покажаа во првиот дел дека можат да се носат со далеку подобри екипи. Третата четвртина се играше многу изедначено, по 30 минути игра нашите момци имаа многу мала негатива. Во последната четвртина беше неизвесно се до последната минута.. на крај, сепак, победи поискусниот тим со пет поени разлика.

Иако загубија, Вардарци оставија срце на терен и се “држеа”  цел натпревар во егал. Во нашиот тим најдобар стрелец беше Лазаревски со 17 поени, Лефкоски постигна 11. Кај гостите Чешковиќ беше најефикасен со 14 поени.