Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победа за ГРК Гостивар, додека РК Асови и РК Опш.Кисела Вода одиграа со нерешен резултат кај генер. 2004/05
Јуниор лига: Победа за ГРК Гостивар, додека РК Асови и РК Опш.Кисела Вода одиграа со нерешен резултат кај генер. 2004/05

Јуниор лига: Победа за ГРК Гостивар, додека РК Асови и РК Опш.Кисела Вода одиграа со нерешен резултат кај генер. 2004/05

Кај генерација родени 2004/05 година денес на Кале се одиграа два натпревари во машкиот дел на ракометната “Јуниор“ лига.

Екипата на ГРК Гостивар-Вардар беше убедлива во дуелот со екипата на РК Будимир-Вардар. На самиот старт поведоа со 6:0 при што беше познато каков тек ќе има натпреварот. На полувреме заминаа со предност од 8:1.

Во второто полувреме следиме подобра игра за екипата на РК Будимир која во еден момент успева да намали на 10:5. Сепак предноста што ја направи ГРК Гостивар на стартот од мечот беше пресудна за конечниот триумф, кој беше изразен со резултат 15:7. Кај победничкиот тим се истакна Алтин Селмани кој постигна 4 гола. Единствен расположен играч кај РК Будимир беше Кирил Симоновски кој беше стрелец на 6 погодоци.

РК Опш. Кисела Вода-Вардар и РК Асови одиграа со нерешен резултат во вториот натпревар кај оваа генерација. Екипата на РК Асови прва постигна гол, но Кисела Вода врати со три погодоци во серија за водство од 3:1. Оваа предност Кисела Вода ја одржуваше до првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 6:4. Се играа две полувремиња по 15 минути. На стартот на вториот дел Кисела Вода го зголеми резултатот на 7:4. Во последните пет минути Кисела Вода влезе со предност од 8:6, но сепак до крајот Асови успеа да го израмни резултатот, дури имаше можност и за победа, но ударот од седум метри не беше реализиран односно голманот на Кисела Вода го брани ударот. Конечниот резултат гласеше 8:8.