Денеска на фудбалските терени на Работнички се одигра последното есенско коло кај Вардар генерација “2007” (2). Попладнево нашите момчиња силите ги одмерија со екипите на Македонија ЃП и Кул Здравје.
Првиот натпревар го одигравме против тимот на Македонија ЃП. Нашиот тим овој натпревар го доби со резултат 4:3. Уште во првите минути од натпреварот нашите играчи погодија и го отворија резултатот на денешниот натпревар. Стрелец на првиот гол беше Златко Радески. Потоа опасен удар кон голот на противикот упати Лео Манчев, но овој удар го одбрани голманот на Ѓорче. Потоа следуваше серија на одбрани на нашиот голман. Јовица Спасовски најпрвин одбрани еден пенал, а потоа беше досуден и уште еден во полза на противниците. И вториот пенал го одбрани нашиот голман, но одбиената топка стигна до еден противнички играч кој погоди за 1:1. На полувреме се замина со резултат 1:1.
Во вториот дел прецизно стрелаше Никола Јовановски од слободен удар за предност од 2:1 за нашиот тим. Потоа убава можнност имаше Радески, но нашиот играч не ја искористи оваа шанса да постигне нов погодок. Потоа следуваше гол на противниците за 2:2. Потоа дојде и третиот гол за Вардарци. Радески не грешеше два пати, овој играч погоди за втор негов гол денеска, односно 3:2 за нашиот тим. Конечните 4:2 ги постави Лео Манчев со убав погодок од поголема далечина. Со овој резултат и заврши натпреварот.
Во вториот дуел за жал нашите момчиња беа поразени од Кул Здравје. Нашите играчи овој натпревар го загубија со убедливи 6:1. Први погодија играчите на Кул за 1:0. Потоа Јовановски изведе еден слободен удар, но противничкиот голман го одбрани овој удар. Потоа играчите на Кул зголемија на 2:0 преку пенал, овој пат нашиот голман не успеа да го обрани овој удар. Вардар се врати во игра. Намали на 2:1 со голот на Никола Јовановски. Во вториот дел Кул се закани прв и тоа со две опасни акции, но нашата мрежа остана незатресена. Но, одма потоа следуваше и третиот гол за Кул. Еден противнички играч со одличен удар од далечина погоди за веќе 3:1. До крајот на мечот противниците постигнаа уште три погодоци, еден од пенал, за конечни Кул – Вардар 6:1.