Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Јуниор лига“: Победи за момците на Кисела Вода-Вардар 1 и РК Преспа-Вардар кај генер. 2002/03
“Јуниор лига“: Победи за момците на Кисела Вода-Вардар 1 и РК Преспа-Вардар кај генер. 2002/03

“Јуниор лига“: Победи за момците на Кисела Вода-Вардар 1 и РК Преспа-Вардар кај генер. 2002/03

Денес на Кале продолжија натпреварите од петтото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Во машкиот дел, кај генерација родени 2002/03 година се одиграа два натпревари. Победи забележаа екипите на Опш. Кисела Вода-Вардар-1 и РК Преспа-Вардар.

Интересен меч одиграа екипите на Опш.Кисела Вода-Вардар-1 и ГРК Гостивар-Вардар. Во првата половина од првиот дел се играше израмнето и резултатот беше 4:4, по што Кисела Вода успева да се одлепи на два гола разлика и на полувреме да замине со водство од 7:5. На стартот на вториот дел екипата на РК Опш.Кисела Вода постигнува нови три погодоци во серија за веќе да има убедливи 10:5. Кисела Вода беше многу подобра на теренот, во продолжение од мечот по два гола на двете страни за одржување на предноста од 12:7. Сепак до крајот на натпреварот, Кисела Вода постигнува уште  три гола, за убедлив триумф од 15:7. Дарко Велковски и Давид Јовановски постигнаа по 4 голови кај победничкиот тим, додека кај ГРК Гостивар по 3 гола беа дело на Ѓорѓија Стојчески и Горјан Рафајлоски. 

15281075_1697597500551300_2038104215_n

На вториот меч во оваа генерација, екипата на РК Преспа-Вардар го победи РК Илинден-Вардар. Преспа започна со серија од 4:0, додека првиот гол РК Илинден го постигнува во 9 минута од мечот. Во текот на целиот натпревар избраниците на Горан Ангеловски имаа постојана предност, водеа и со резултат 7:3. До крајот на првиот дел следи нова серија на Преспа од 4:1, за на полувреме да имаат убедливо водство од 11:4. Вториот дел започнува со гол на Преспа за зголемување на предноста, додека во следните пет минути Илинден прави серија од 0:3 за намалување на 12:7. Сепак екипата од Ресен во следниот период успева да ги врати високите седум голови разлика и да поведе со 14:7. Надежите на Илинден се вратија кога постигнаа три последовател и голови со кои намалија на 14:10. Сепак до крајот на натпреварот Ресен делуваше доминантно постигна шест наспроти само еден на Илинден, за конечен резултат од 20:11. Мартин Табаковски со 7 и Михајло Костовски со 6 гола беа најефикасни кај Преспа, додека Филип Давидовски беше најдобар кај РК Илинден со 4 голови.