Стандардно секој месец се бираат најдобрите одбрани во СЕХА-лигата. Во ТОП-5 најдобри одбрани за месец ноември во ова натпреварување се најде и Страхиња Милиќ. На натпреварот со Металург кој се играше во С.Ц. Јане Сандански, Милиќ имаше одлична интервенција која се најде во изборот за најдобри одбрани. Тој дуел Вардарци го добија и ја продолжија серијата на победи во СЕХА-лигата.
Видеото со најдобрите пет одбрани можете да ги погледнете на линков ТУКА.