Денес во “Кале“ во рамки на Јуниор лигата се одигра еден дуел кај момците родени 2000/2001 година. Во интересен дуел од ова 5.коло се сретнаа РК Војнисон и РК Шампион, двата тима одиграа одличен дуел кој заврши можеби најпреведно со реми, 11-11 (4-6) . Од истиот ви носиме комплетен извештај и фотографии.
Први со гол мечот го отворија момците на Шампион, кој потоа се одлепија и на 0-4, по што следуваше тајм-аут за екипата на Војнисон. Во продолжение рамноправна игра на двата тима, гол за гол, двете екипи погодија по двапати за резултат 2-6 со кој се влезе во последните 5 минути. Подобри во продолжение беа момците од Kичево кој со два гола намалија на 4-6 пред паузата.
Вториот дел со гол го отворија играчите на Шампион кои поведуваат со 4-7 на почетокот. Следува минути во кој повторно доминира Војнисон правејќи серија 4-1 успева да изедначи на 8-8, и да го направи мечот навистина интересен. Двата тима постојано поведуваа и намалуваа беше изедначен мечот на 9-9 и 10-10. Натпреварот заврши со реми 11-11. Кај тимот од Кичево прв стрлец беше Андревски со 5 гола, кај Шампион двајца играчи се истакнаа Митевски и Николовски по 3 гола.