Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Петта победа во серија за ЖФК Вардар, три бода на гостувањето во Кочани
Петта победа во серија за ЖФК Вардар, три бода на гостувањето во Кочани

Петта победа во серија за ЖФК Вардар, три бода на гостувањето во Кочани

Продолжи победничката серија на вардарки и на гостувањето кај екипата на Кочани, на натпревар од 5.коло во ВЖФЛ.

Натпреварот кој се одигра на градскиот стадион во Кочани заврши со наш триумф, со конечен резултат од 1:3.

Сите голови на натпреварот беа постигнати во првото полувреме. Домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот на овој натпревар и да поведе со 1:0, но во 18.минута преку Теодора Јанковска успеавме да го израмниме резултатот на 1:1. Јанковска со својот втор гол во 33.минута ни донесе предност од 1:2, додека конечните 1:3 на натпреварот ги постави Данче Карпузовска во 37.минута од натпреварот.

Вардар: Верица Колевска, Амире Азизи, Драгана Гегова, Сања Чубриновска, Данче Карпузовска (К), Сара Хот, Мила Наумовка, Миа Закев, Анастасија Влинтовска, Теодора Јанковска, Јована Максимовска.