Младинците на РК Вардар го доживеа третиот пораз во серија, откако денес беа поразени на домашен терен од екипата на Овче Поле. Конечниот резултат на натпреварот кој се одигра во спортската сала „Круме Кепески’ гласеше 32:35.
Отворивме со два гола во серија, имавме и предност од 3:2, но во 7.минута гостинскиот тим за прв пат поведе со 3:4. До средината на првиот дел гледавме игра гол за гол, кога резултатот беше израмнет на 10:10, за гостите да направат серија од 0:5 и да се одлепат резултатски на 10:15. Вардар успеа да намали на 14:17, а на полувреме Овче Поле имаше предност од 15:19.
Цело второ полувреме, гостите имаа предност, ние се обидувавме да се вратиме во натпреварот, кога намаливме на 21:23, беше и 25:27, за противникот повторно да се одлепи на четири гола разлика, кои ги одржуваше до крајот на натпреварот, кога конечниот резултат гласеше 32:35.
Најефикасни во нашиот состав беа Антонијо Трајановски со 7 и Огнен Тасевски со 6 гола.