Кошаркарскиот клуб на Вардар до 20 години е новиот освојувач на младинската кошаркарска лига. Нашите надежи во финалната серија го збришаа тимот на Работнички, славеа со убедливи 3-0 во партии. Иако Работнички го фаворизираа многумина, сепак, нашите млади таленти покажаа и докажаа дека и оваа година се најдобрата екипата во младинската лига.
Вардарци денеска повторно како гости славеа победа во Градски парк. И овој натпревар беше многу неизвесен како и вториот, само еден посед го решаваше победникот. На крајот, нашиот тим го доби и овој инфаркт натпревар со резултат 63-65.
Честитки до целиот тим на Вардар и стручниот штаб за освоената титула во кошаркарската лига.