Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар деновиве со нови договори за сите девет играчи

КУГЛАЊЕ! Вардар деновиве со нови договори за сите девет играчи

Кугларскиот колектив “Вардар“ од почетокот на месец август вредно под будното око на шефот на стручниот штаб Драги Димитровски се подготвува за новата сезона 2016/2017. Покрај долгите подготовки во Скопје тие патуваа за Бања Лука-Република Српска-БиХ каде беа дел од меѓународен турнир. Во првиот ден во групниот дуел со екипата на КК Ревита (Шампион на Босна и Херцеговина), КК Белград (Шампион на Република Србија) и репрезенацијата на Словенија беа третопласирани , со одличен скор ако се земе дека беа ослабени за незаминувањето на Донковски на овој турнир.

kuglanje

На вториот натпреварувачки ден вардарци се сретнаа со домаќинот екипата на КК Ревита. Домаќинот на турнирот доби кугларска лекција од нашиот ”црвено-црн” колектив, кој му нанесе пораз со висока разлика од над 200 соборени “дрва”.  Вкупниот резултат на крајот беше 3403 “соборени дрва” за избраниците на Драги Димитровски наспроти 3201 на домаќинот КК Ревита. Вардарци победата ја однесоа со 6-2 во поени (16-8). Повторно “назад” го имавме ударното дуо Димитар Димитровски-Бојан Влаќевски кое отиде над границата од 600. Раководството на Вардар како што не исвестува наредните денови ќе им понуди на потпис, а играчите веќе се согласини за “доверба“ од нови 12 месеца. Со ова тимот ќе ја реализира последната формалност пред мечевите во “Светскиот куп“ во Италија и почетокот на МКЛ-Македонската кугларска лига. Договори ќе добијат Бојан Влаќевски “кугларскиот Моцарт“ и  другиот член на “ударното дуо“ и еден од двата лидери на тимот “вардаровиот дијамант“ Димитар Димитровски , потоа  Младен Донковски , Влатко Стојановски, новајлијата во составот Бранко Митиќ ,Згонац Марјан , искусниот Миле Димковски , Коста Ристевски , кругот се затвара со младиот Дарко Димитровски.