Утре на програмата е второто коло во рамките на СЕХА Газпром лигата. Нашиот РК Вардар по нерешениот резултат против Брест Мешков, утре го очекува уште еден натпревар во Скопје, но овој пат во СЦ. ”Борис Трајковски” против градскиот ривал, тимот на Металург. Пред утрешниот натпревар, тренерот Раул Гонзалес и средниот бек Игор Карачиќ на прес изјавија:
Очекувам да играме добро на утрешниот натпревар. Секогаш кога се игра против Металург има многу публика на трибините. Металург има многу млади играчи сега кои сакаат да се докажуваат. Сметам дека ние сме подобри, и одиме чекор по чекор, и сакаме да се воиграме уште подобро. Утре треба да играме добор, зашто ако сакаме да играме на Ф4 мораме да победиме и сега и на следните натпревари. Стојанче Стоилов покрај што е казнет исто така е повреден, на некои повреди се жалат Рожерио и Македа, но за дефинитивниот состав ќе знаме утре пред натпревар. – Раул Гонзалес.
Секогаш тоа беа големи натпревари меѓу Вардар и Металург, без разлика со кој тим се игра. Постои спортски набој на овие натпревари, и среќен сум што сум осетил каков е тоа жар кој постоеше до пред 2-3 години. Можеби е Вардар во мала предност и тоа се одразува на резултатот. Ние неколку играчи бевме на олимпијада и не се подготвувавме со тимот. Овие мечеви ќе ни требаат за загревање за ЛШ. Видовме дека и СЕХА станува силна лига, европска лига. Мешков ни зема дома бодови и никого нема да го потцениме и треба да играме максимално. Со Нелоски сега Металуге игра подобро. Но, годни наназад Металург игра една иста игра на Лино Червар. Спремни сме на се, и овој меч мораме да дадеме се од себе, и да се однесуваме како да се игра финале на ЛШ, зашто само така можеме да стигнеме таму каде што сакаме. – Игор Карачиќ.