Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Директни преноси на МТВ од мечевите на РК Вардар со: Металург, Веспрем и Загреб

Директни преноси на МТВ од мечевите на РК Вардар со: Металург, Веспрем и Загреб

Македонската радио и телевизија нуди вистинско ракометно уживање во следната недела, државната телевизија ќе реализира “ракометен маратон“ со дури три преноси за една недела од мечевите на црвено-црниот машки ракометен колектив во СЕХА регионалната лига почнувајќи од утре до идниот вторник.

Вардар ќе се сретне утре со домашниот ривал повратникот во СЕХА екипата од Автокоманда тимот на  РК Металург, во сабота со шампионот на регионалната лига Веспрем, апак во идниот вторник ќе одиграме дуел со екипата на хрватскиот шампион тимот на ППД Загреб. Сите мечеви ќе може да се проследат на малите екрани пренесени од МТВ. Утрешниот меч со сино-белите и тој со Веспрем во сабота (10/09/2016) ќе се играат и во 20 часот и 30 минути, а пак со загребчани тимот кој на клупата го има екс тренерот на Вардар популарниот Вујо е закажан со почеток во 17 часот и 45 минути. Браво за МТВ која нуди одлина прилика за сите кои нема да бидат во сала да ги следат мечевите на црвено-црните во новата натпреварувачка сезона.