Денес на теренот во Ѓорче се одигра првото коло од новата меѓурегионална лига, кај генерација родени 2003 година. Нема многу одмор за младите Вардарци, кои по пристигнувањето од Бугарија каде учествуваа на турнир во Благоевград, ги започнаа настапите во новата лига. Противник во ова прво коло ни беше екипата на Македонија Ѓ.П. Нова лекција од избраниците на Томче Трајановски, за противникот од Ѓорче. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 8:0. Се играа две полувремиња по 30 минути, со 10+1 играчи на теренот.
Самиот резултат говори за случувањата на теренот на овој натпревар. Уште од првата минута започнавме да го напаѓаме противничкиот гол со константен притисок на половината на Македонија Ѓ.П. Рано започнавме да посигнуваме голови и да ја најавиме победата на овој дуел. По првото полувреме имавме водство од 3:0. Уште пет погодоци во мрежата на Ѓорче во вториот дел, за убедлив триумф на стартот од сезоната.
Седум различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој натпревар. Дамјан Андреев постигна 2 гола, додека по еднаш погодија Александро Прелоговски, Влатко Стојановски, Петар Давидовски, Марио Петрушевски, Петре Тасевски и интересно голманот Лука Стојковски.
Инаку ова ќе биде поразлично од детската лига. Ќе се натпреваруваат 14 екипи, по 13 кола во есенскиот и пролетен дел. Значи ќе се играат мечеви на домашен и гостински терен.