Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА: Утре РК Металург на “менито“, потоа ги пречекуваме Веспрем и Загреб, се очекува деби на Чупиќ

СЕХА: Утре РК Металург на “менито“, потоа ги пречекуваме Веспрем и Загреб, се очекува деби на Чупиќ

РК Вардар тргна во новата сезона, прв официјален меч беше оној со тимот на Брест Мешков кога во спортскиот центар “Јане Сандански“ одигравме реми 34-34. Утре на програмата е следниот меч, во истиот   се среќаваме со Металург, тоа е македонското ракометно „Ел класико”. Се очекува деби на новиот крилен играч на црвено-црвените хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ, и тоа   против тимот предводен од неговиот  поранешен селектор  Лино Червар.

Избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзалес ги очекува прилично згуснат и тежок распоред во наредната седмица. Мечот со сино-белите ќе го одиграме утре “во гости“ во спортскиот центар “Борис Трајковски“, дуелот е закажан со почеток во 20 часот и 30 минути, по пауза од една сезона двата тима повторно ќе се сретнат во ова натпреварување. Вардар нема да може да смета на капитенот пикерот Стојанче Стоилов, македонскиот репрезенативец доби директен црвен картон во прелиминарното коло сo Мешков поради кој има суспензија од еден дуел. По овој втор дуел во регионалната СЕХА Гаспром лига веќе викендов ќе го одиграме и третиот меч во истото натпреварување. Не очекува тежок предизвик домаќини во “Јане Сандански “ сме на шампионот од изминатата сезона во лигата силниот тим на Веспрем, со кој сме први фаворити годинава во оваа лига. Тој дуел ќе се игра во сабота, на 10-ти септември и истиот е закажан со почеток во 20 часот и 30 минути. Потоа веќе по три дена идниот вторник на 13-ти септември ни гостува хрватскиот шампион тимот предводен од Веселин Вујовиќ екипата на ППД Загреб, тој дуел во нашата сала е закажан е закажан  во 17 часот и 45 минути