Кугларска Федерација на Македонија информира дека за македонските кугларски колективи зимскиот (мини) преоден рок ќе биде времетраење од една недела. Поточно во периодот од 09.01.2017г до 16.01.2017г. Вардар веќе најавува четири нови имиња во својот состав за овој преоден рок.
.
Сите четири имаат пристапено во кугларскиот тим Вардар, се очекува неделава да се формализира и официјализира нивната регистрација според актите на Кугларска Федерација на Македонија. Двајца од нив се сениори станува збор за Влаќевски Ламбе и Ѓорѓ Поп Крстев. Интересно е што на тимот му пристапуваат двајца млади нови кугларски надежи кои ќе бидат иднината на тимот понатака. Станува збор за Митиќ Мартин и Љупчо Митиќ, со нив ќе работи искусниот тренер на црвено-црните еден од најдобрите тренери во мак.куглањето искусниот Драги Димитровски кормиларот на тимот. Овие момци ќе бидат на “брусење“ под будното око на искусниот Димитровски кој ги создаде највалитетните играчи во Македонија во овој мал спорт. Тие двајца се дел од новиот проект за јуниорска лига во земјава во која од секој тим по двајца играчи ќе настапуваат во истата со цел регрутација на нови играчи во овој спорт и негово омасовување. Јуниорското ќе се игра паралелно со сениорските мечеви во лигата. Вардар ова зимо го загуби Бојан Влаќевски кој замина во Хрватска, тој беше ударна игла на тимот заедно со Димитар Димитровски. Сепак се очекува “бојот да даде нови херои“, најмногу очекуваме од Младен Донковски и Дарко Димитровски да атакуваат на позицијата “два“ зад Димитар, сепак не треба да се отпишат и другите момци искусниот Миле Димовски, Коста Ристевски и останатите.