Денес стартува светското ракометно првенство во Франција, а токму домашната селекција ќе го отвори мундијалот со натпревар против репрезентацијата на Бразил. На овој дуел на теренот ќе излезе и Вардаровиот пикер, Рожерио Мораес Фереира. Натпреварот ќе можете да го проследите на МРТ-1 со почеток од 20:30 часот.
Инаку што се однесува до најголемите фаворити за освојување на еден од медалите, според најголемите светески обложувалници, токму на домаќинот Франција се дава најголеми шанси да го освои златниот медал. Последниот шампион од Европското првенство во Полска, селекцијата на Германија е на второто место, додека Данска според ова би требало да го освои бронзениот медал. Македонија се наоѓа во ТОП-10 репрезентации, според прогнозите на обложувалниците. На овој мундијал ќе настапат и девет играчи на ракометниот клуб Вардар.
ТОП-10 фаворити на светското првенство во Франција:
1.Франција
2.Германија
3.Данска
4.Хрватска
5.Шпанија
6.Шведска
7.Словенија
8.Македонија
9.Русија
10.Египет