Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > (РЕТРО-ВИДЕО) РК Вардар со стил се врати на настапите во ЛШ, а Комити беа на своето препознатливо ниво
(РЕТРО-ВИДЕО) РК Вардар со стил се врати на настапите во ЛШ, а Комити беа на своето препознатливо ниво

(РЕТРО-ВИДЕО) РК Вардар со стил се врати на настапите во ЛШ, а Комити беа на своето препознатливо ниво

По пауза од четири години, екипата на РК Вардар во сезоната 2013/14 се врати на настапите во најголемото ракометно натпреварување. Тоа беше првата сезона, откако клубот го презема господинот Сергеј Самсоненко. На првиот натпревар од групната фаза, тогаш во спортскиот центар Борис Трајковски за противник ја имавме силната екипа на Барселона. Од клупата тимот го водеше Зоран Кастратовиќ, а Вардарци успеаа да одиграат со нерешен резултат (29:29). На тој натпревар имаше одлична атмосфера од трибините, а популарните Комити беа во многу голем број и имаа добро навивање.

Да се потсетиме како беше тогаш на трибините, сезоната кога Вардар можеби беше најблиску до пласман на завршниот турнир во Келн.