Кошаркарскиот клуб Вардар кој во новата сезона ќе се натпреварува во првата лига, донесе уште едно странско засилување. Се работи за американскиот бек, Џуниус Проуел кој во Скопје доаѓа од прволигашот на Косово, Раховеци. Таму ја помина последната сезона и беше најдобар играч во екипата со просек од 13,5 поени, 4 скока и 3 асистенции.
Претходно од клубот го потпишаа Џамаркус Херстон, а го вратија и Дамјан Робев. Истовремено е продолжен договорот со Ваљмир Какруки, кој е јуниорски репрезентативец на Македонија и еден од подобрите играчи за Македонија, на неодамна завршеното Европско првенство Б-дивизија кое се играше во Скопје.
Подготовките за новата сезона, КК Вардар ги започнува на 15-ти август.