Поранешни членови на ракометното семејство во Вардар, ја зачинеа својата врска со брак. Се работи за Сања Дамњановиќ и Стеван Вујовиќ. Дамњановиќ го носеше црвено-црниот дрес во сезоните 2015/16 и 2016/17, додека Стеван Вујовиќ е исто така поранешен ракометар на Вардар и тоа во два наврати настапуваше за црвено-црните.
Претходно на истиов чин се решија, Пенезиќ и Кобетиќ, Дембеле и Павловиќ, а во очекување сме на нови среќни вардарови приказни.