Кошаркарките на Вардар се пласираа во уште едно Kуп финале и ќе го бранат трофејот од тимот на Бадел, попладнево “црвено – црните” девојки сосема очекувано убедливо го победија тимот на ЖКК Пелистер со резултат 84-33 (30-20).
Уште од самиот старт Вардар поведе и не го испушти водството, по првата четвртина нашите девојки имаа предност од 11-7, во вториот период додадоа уште 19, за на полувреме да се замине со резултат 30-20. Третиот период Вардарки го добија убедливо, за само 10. минути примија само четири поени а дадоа дури 28. Во последните 10. минути во игра влегоа и девојките кои имаа помала минутажа.
Кај Вардарки прв стрелец беше Славица Наков со 14 поени, Муса забележа дабл – дабл од 10 поени и 13 скокови, додека пак Симона Деловска стрелец беше на 12 поени.
Во утрешното финале Вардар ќе го брани трофејот од Бадел.