Иако беше најавено дека дуелот Вардар – Победа ќе се игра на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје, дојде до промена на еден ден пред натпреварот, па така дуелот утре попладне ќе се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ од 14.00 часот.
Од Вардар информираат дека за овој дуел ќе бидат пуштени северната и западната трибина, додека пак другите две трибини нема да бидат во функција.
На утрешниот дуел Вардар ќе брка прва официјална победа во новата календарска година.