Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Мирков го “реши“ Анистон во последните минути, вардаровата генер. “2003“ ќе игра во големото финале на “Пирин Куп“
Мирков го “реши“ Анистон во последните минути, вардаровата генер. “2003“ ќе игра во големото финале на “Пирин Куп“

Мирков го “реши“ Анистон во последните минути, вардаровата генер. “2003“ ќе игра во големото финале на “Пирин Куп“

Фудбалскиот клуб на Вардар со генерацијата родени “2003“ година ќе игра во големото финале на турнирот “Пирин Куп“, кој изминативе денови се игра во градот Сандански. Попладнево нашите млади надежи во полуфиналето ја совладаа екипата на Анистон Русе од Бугарија. Конечниот резултат на дуелот гласеше 1:2.

Вардар рано го отвори резултататот, кога во 15 минута за водство од 1:0 погоди Александро Прелоговски. После предноста, црвено-црните имаа уште три стопроцентни шанси да го зголемат резултатот, кои за жал останаа нереализирани. Пишаното фудбалско правило кога не ги искористуваш своите шанси, стигнува казна на спротивната страна, тоа беше случај на овој дуел кога противникот го израмни резултатот на 1:1 со сомнително досуден удар од белата точка. На одмор се замина токму со нерешен резултат.

Надмоќен беше нашиот состав и во второто полувреме, кога имавме повеќе од играт и создадовме неколку конкретни акции. Долго време екипата на Анистон одолеваше на нашите напади, кога човекот на одлука, Антонио Мирков од слободен удар го матира противничкиот голман, речиси во последните минути од дуелот.

3

Голема радост за ибраниците на “Чунга Лунга“ кои поведоа со 2:1. Стандардно на голот одличен нашиот голман, Лука Стојковски. Немаше многу време па главниот судија, кој со неговите помошници беа наклонети на домашната екипа, досуди крај на овој “тензичен“ меч.

Поради радост после решавачкиот гол, црвен картон доби нашиот тренер, а потоа и безпотребно беше исклучен и Абдула Хасани. Сепак Вардар е во големото финале, кое на програмата е утре, а противник е екипата на ЦСКА Софија, која да потсетиме ја совладавме во групната фаза, со резултат од 3:1.

На денешниот меч стартери за Вардар беа: Стојковски, Марковски, Исмаиљи, Сељанац, Ѓорѓоски, Давидовски, Хасани, Мирков, Андрески, Алими, Прелоговски.