Кугларскиот клуб Вардар активно работи на сериозно засилување за престојната сезона, по утринската вест дека еден од најдобрите три мак.куглари, Димитровски Димитар се врати повторно во црвено-црното јато, сега ви носиме вест за еден трансфер. Од тимот на битолски КК Пелисер 1982, во црвено-црните редови минува најдобриот нивни играч Димовски Пеце.
Добро познат на македонската кугларска јавност, Димовски е долгогодишен член на зелено-белите каде секогаш е во врвот по постигнатите резултати. Во својата кариера има репрезентативни настапи за Македонија, а на измината сезона на државно поедниечно првенство се закити со сребро, односно беше вице-првак на Македонија.
Димитровски и Димовски се двајца играчи во зрели години, со долгогодишно искуство, неминовно квалитот се подига во вардаовиот колектив. Со овие две имиња драстично се засилува црвено-црниот ростер за престојната сезона, Вардар станува конкурентен за самиот врв.