Идниот месец, поточно од 8-ми до 14-ти април 2019 ќе се одржи Европското Првенство за сениори. Европскиот собир ќе се одржи во Букурешт,Романија.
Единстниот Македонски кандидат е МАГОМЕДГАЏИ НУРОВ, истиот од неговиот матичен Вардар го испратија на подготовки со Руската репрезентација на базата во Сочи во Олимпискиот спортски комплекс. Нуров е одлично менториран од црвено-црниот штаб кој се труди да извади максимум за македонското борење.
Најверојатно покрај НУРОВ, на Европското првенство ќе учествуваат и поранешните Вардарци 57кг. ЕГОРОВ и 86кг. ЗУБАИРОВ.