После повеќемесечна пауза од кугларски возбудувања, вчера Вардар одигра дерби дуел со тимот на КК ГТЦ. Ние гостувавме на оваа средба во кугларницата “Мусандра„ во Градскиот трговски центар Скопје. И како по обичај последниве две сезони, се одигра лудо неизвесно дерби до последна кугла.
Овој дуел од 5то коло во Македонската кугларска лига-МКЛ заврши реми 4:4. Дуелот изобилуваше со возбуда и неизвесност до последната фрлена кугла. Во сетови ние доминиравме со 8,5:15,5, домаќинот имаше две “дрва“ повеќе во вкупниот скот и во тој сегмент имаше предност со 3200 према 3198.
Во тимот на Драги Димитровски најдобар поединец беше-Марјан Згонц. Ова беше само втор натпревар после повеќемесечна пауза поради тешка повреда, средбата тој ја заврши со скор од 567. Покрај него поенираа и Дарко Димитровски, капитенот Миле Димовски и Ристовски Коста.