Денес на терените на ФФМ своето редовно коло во детската лига го одиграа генерациите на ФК Вардар родени 2009 и 2010 година. Двете генерации на Вардар се предводени од тренерот, Илија Колевски.
Вардар (1) генер. 2009 успеа да го добие натпреварот против екипата на Милано и тоа убедливо со резултат 6:1. По првото полувреме имавме водство од 3:1, а сите три погодоци за Вардар беа дело на еден играч, се работи за Марко Петровски. Во второто полувреме по еден гол постигнаа Васко Папалиски, Дарин Михајловски и Павел Котески-Митроски.
Победа забележа и тимот на Вардар (2) во истава возрасна генерација, кој беше подобар од тимот на Албион, триумфирајќи со резултат 2:1. По првото полувреме имавме минимално водство од 1:0. Стрелци на головите беа Давид Колевски и Максим Павловски.
Актвина беше и генерацијата на ФК Вардар родени 2010 година која одигра исто така два натпревари. Вардар (1) убедливо го доби мечот против екипата на Куманово со резултат 7:1, откако и на полувреме имавме водство од 2:1. По два гола на овој меч беа дело на Стефан Ристиќ и Лука Пацески, додека по еднаш противничката мрежа ја погодија и Далибор Марковиќ, Огнен Сивевски и Матеј Чедевски.
Вардар (2) пак одигра нерешено во дуелот со Еуроспорт (1:1). Вардар на полувреме имаше водство од 1:0 откако погоди Благојче Седлоски, за противникот во вториот дел да израмни и да го постави конечниот резултат.