Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се „насмевнува“ 1/4 финале помеѓу Вардар и Пик Сегед
Се „насмевнува“ 1/4 финале помеѓу Вардар и Пик Сегед

Се „насмевнува“ 1/4 финале помеѓу Вардар и Пик Сегед

Се поблиску сме до четвртфинале помеѓу екипите на Вардар и Пик Сегед во Лигата на Шампионите. Попладнево Пик Сегед го одигра својот прв осминафинален дуел, откако гостуваше во Полска, на екипата на Висла Плок.

Пик Сегед со предност од два гола ќе го започне реваншот на свој терен, откако успеа да излезе како победник на првиот меч против Висла Плок. Во првото полувреме, домаќинот се стекна со највисоко водство од 7:3, но до крајот на првите 30 минути, Сегед успеа да израмни и на одмор да се замине со резултат 10:10. Во вториот дел, домашниот тим стигна до предност од три гола (18:15) и во тој момент Висла Плок почуствува дека може да направи изненадување. Сепак Пик Сегед заигра подобро, успева да направи серија од 0:5 и тоа благодарение на неколку голови на Кањелас, целосно да го сврти резултатот во своја корист. Се обиде Висла да се врати, но безуспешно. На крајот слават избраниците на Пастор со резултат 20:22.

Откако Вардар вчера славеше убедливо кај Загреб (18:27) и после денешната гостинска победа од два гола разлика на Пик Сегед, се повеќе е јасно дека овие екипи ќе се сретнат меѓусебе во 1/4 финалето и ќе се борат за пласман на завршниот турнир во Келн.