Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар продолжуваат да газат, 9/9 во лигата, гол-шоу на Савревски во мечот со РК Алушовски
Кадетите на РК Вардар продолжуваат да газат, 9/9 во лигата, гол-шоу на Савревски во мечот со РК Алушовски

Кадетите на РК Вардар продолжуваат да газат, 9/9 во лигата, гол-шоу на Савревски во мечот со РК Алушовски

Кога станува збор за доминација во младинскиот ракомет, кадетскиот тим на РК Вардар е пример за тоа. Ние денес во првото пролетно, односно 10.коло во кадетската лига дојдовме до 9-тата победа( едно коло бевме слободни), со максимални 27.бода сме лидери и по ова коло. Момците  на Будимир и Станковски успеаа да го совладаат тимот на РК Алушовски на “гостувањето“ во СЦ “Јане Сандански“ со плус седум гола, 20-27.

Дуелот започна со рамноправна игра, на двете страни имаше дури пет изедначувања на почеткот (1-1,2-2,3-3, 4-4 и на крајот 5-5). Потоа ние влеговме во препознатиливиот ритам, во одбраната одигравме цврсто, во нападот казнувавме. Со серија 1-4 се одлепивме на плус три, 6-9. Во последните минути одигравме умно, бавно со цел да ја задржиме предноста. Токму со плус три отидовме на одмор, на семафорот стоеше 10-13 во наша корист за време на паузата. Тренерот на оваа генерација Будимир, денес даде шанса на цел ростер, давајќи им прилика на сите момци да “вградат“ дел во овој триумф.

Савревски погоди 13пати од 27 гола на Вардар, или 48% од головите беа негови

Савревски погоди 13пати од 27 гола на Вардар, или 48% од головите беа негови

Ракометната лекција противникот ја доби на почетокот на вториот период, стандарно секогаш по 31.минута овој тим игра далеку подобро бидејќи моќта за мотивирање на нивниот стратег за време на паузите е добро позната. Така препознатливо мотивирани по паузата одигаа две нивоа подобро. Правиме огромна серија 2-8 со која се одлепуваме на високи девет гола, 12-21. Потоа почнувавме со ротација на тимот, сепак и тоа не донесе ни од блиску загрозување на нашата предност. Победивме со седум гола повеќе односно со 20-27 на ова “гостување“.

Ние во кадетската лига имаме и понатака 100% ефект. Кај нас гол-шоу имаше Савревски Давид кој безмалку постигна половина од погодоците поточно 13, шест гола беа дело на Калајџиески Симон, а Србиновски Дамјан стрелаше умешно три пати.