Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Вардаровиот борач, Нуров избран за најдобар во земјава за изминатата 2018 година
Вардаровиот борач, Нуров избран за најдобар во земјава за изминатата 2018 година

Вардаровиот борач, Нуров избран за најдобар во земјава за изминатата 2018 година

Федерацијата за боречки спортови на Македонија ги прогласи најдобрите за изминатата 2018 година. Вардаровиот борач, Магомедгаџи Нуров добри признание за најдобар за измината година во Македонија.

50257057_2262018444012632_7658681026759098368_n

Тој на Медеиранските игри се натпреваруваше во категоријата до 97 килограми, на фантастичен начин триумфираше во мечот за титула и со убедливи 11-0 зa 50 секунди го совлада Симоне Јанатони (ИТА). Тогаш дојде до злато, но финале пред финале беше мечот во 1/2 финалната борба каде што Нуров направи пресврт и подвиг победувајќи го Деде (ТУР). На Нуров, клубски тренер му е проф. Љубиша Пешко, личен тренер М. Ибрагимов, а тој тренира во Дагистан, Руска федерација со вардаровиот тренер Гајдар Гајдаров. Нуров исто така одлично се бореше на Европско првенство каде за жал му избега “бронзата“ и заврши петти.

fb33-479x330

Марија Неделковска

Покрај тоа во уште две категории добивме признанија. Кај дамите младата Марија Неделковска доби признание, апак кај ветераните вардарецот, Иса Фејзула беше одликуван.

Иса со легендарниот тренер Рангелов Бојан

Иса со легендарниот тренер Рангелов Бојан