Изминатитот месец, поточно од 16 до 28 декември единствениот олимпиец за Токио 2020, вардарецот Магомедгаџи Нуров се наоѓаше на општофизички подготовки во Спортскиот Олимписки центар во СОЧИ, под раководство на нашиот тренер Гајдар Гајдаров кој е воедно и еден од главните тренери на Дагестанската Боречка Федерација.
Бидејќи поради одржувањето на Олимписките Игри, порано се поместени и неколкуте престижни натпреварувања, како што е Европското првенство на кое што Нуров посакува да освои медал за Македонија. Според проф.Пешко, порано се започнати 15 дневните базични подготовки, за да се продолжи со техничко-тактичко усовршување и остварување на запланираниот резултат. Истите минаа одлично и задоволува формата на нашето момче.