Европскиот ракометен Шампион првиот собир во новата година ќе го има на 13-ти јануари. Тоа ќе биде и првата прозивка на новиот стратег на клупата на црвено-црните, тоа е Стевче Алушовски кој ја доби довербата да ја води екипата во наредниот период.
Со оглед дека голем број од играчите ќе бидат дел од Европското првенство, Алушовски, ќе работи со играчите кои нема да настапат на ЕП. Тоа се Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Сташ Скубе, Димитар Димитриоски, Сергеј Горпишин, Дејан Кукуловски, Мартин Карапалевски, Ален Ќосевски, Иван Чупиќ, Жозе Де Толедо, Сикошек Пелко. Надвор од терените е Кристијан Дисингер кој на крајот на месец октомври минатата година направи операција, па првичните прогнози беа дека ќе биде надвор од терените во следните 4-5 месеци.
На ЕП кое стартува на 10.јануари ќе настапат следниве играчи: Дибиров, Атман, Калараш, Горбок, Шишкарев ( Русија), Стоилов ( Македонија), Кугис и Кристопанс ( Летонија).
Се уште не е познато, кој ќе биде помошникот на Алушовски на клупата на Вардар.