Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ристова Драгана ќе „прозива“ на 9.јануари
Ристова Драгана ќе „прозива“ на 9.јануари

Ристова Драгана ќе „прозива“ на 9.јануари

Младите дами од ЖРК Вардар, се на пауза помеѓу две полусезони, тие ги бројат последните слободни денови пред почетокот на зимските подготовки за пролетниот дел во женската Супер лига.

Ристова Драгана ќе прозива на 9.ти јануари (четврток) во Јане Сандански, кога официјално ќе ги започне зимските подогтовки. Девојките добија дваесетина дена одмор, освен пет девојки кои имаа обврски за А-селекцијата и работеа во Автокоманда со селекторот Симе Симовски. Вардарки ги очекуваат три фронта, Супер лигата  која започнува викендот (29.фебруари/1.март) кога најверојатно ќе почне и младинската женска лига. Потоа ќе бидат познати нашите ривали и за четвртфиналната група во Купот кое ќе биде третти предизвик оваа пролет.