Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > ЕП: Нуров ја чека шансата за медал во репасажот
ЕП: Нуров  ја чека шансата  за медал во репасажот

ЕП: Нуров ја чека шансата за медал во репасажот

На Европското првенство во борење кое денес започна  во Рим, Италија, македонскиот репрезентативец  Могамедгаџи Нуров очекувано беше поразен  од апсолутниот фаворит на за европски првак,  Абдулрашид Садуалев од Русија.

Актуелниот олимписки, светски првак беше подобар од вардарецот со резултат  2-8. Сега нашиот борач ќе ја чека разврската, односно пласман на Садулаев во финалето, за да се вклучи во репасажот и да дојде до борба за бронзениот медал.