Македонската фудбалска репрезентација до 16 години стигна и до вториот триумф на контролните мечеви против селекцијата на Босна и Херцеговина.
Денешниот дуел се одигра под отежнати услови, со резултатски пресврти, сепак на крајот победата и припадна на Македонија и тоа благодарение на вардаровите напаѓачи.
Уште во 4.минута од дуелот успеавме да го отвориме резултатот со погодокот на Георг Стојановски ( играч на вардаровите пионери) кој донесе водство од 0:1. Сепак во продолжение од мечот, Босна се врати во игра постигна два гола и ја превзеде предноста од 2:1. Избраниците на Канатларовски не се обезхрабрија, напротив тргнаа мотивирано кон голот на противникот и успеаа да постигнат два гола. Истите беа дело на еден ист играч, се работи за напаѓачот на пом.пионери на Вардар, тоа е Бесар Гуџуфи, ко во два наврати, во 78 и 85.минута го матираше противничкиот голман и донесе победа за Македонија.
Во стартниот состав се најдоа Георг Стојановски и Никола Павлески, додека Гуџуфи се покажа како вистинско решение од клупата.
Погледнете ги головите од овој дуел