Минатата недела се одиграа повеќе од дуелите кој беа дел од 12.коло во првата женска кошаркарска лига. Дуелот на избраничките на Жаклина Стојановска беше одложен, сега е познат новиот термин на одигрување.
ЖКК Вардар ќе ја пречека екипата на Трокал во недела, 16/02/2020 во малата сала при СЦ “Кале“. Дуелот е закажан со почеток во 17-00 часот. Судии на истиот се делегирани: Анастасијевиќ ,Зафировски и Ѓорѓиевски. Вардар атакува на 12-тата победа во исто толку мечеви, на овој дуел сме изразити фаворити и се очекува да се вратиме на врвот на табелата.