Заминувањата на Кристопанс и Атман ја потресоа не само македонската, туку и европската ракометна јавност.
Утре Вардар ќе го одигра решавачкиот натпревар за пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Мотор Запорожје.
Според обложувалниците, Вардар е „аутсајдер“ во дуелот со украинскиот Шампион. За победа на Вардар се дава голем коефициент од 3.10, додека за триумф на Мотор Запорожје имаме коефициент 1.60.
После 11 одиграни кола во групата Б, екипата на Мотор има само 4 освоени бодови, односно една победа и два нерешени резултати. Освен Вардар и Мотор ќе биде ослабен за утрешниот дуел, со оглед дека екипата ја напуштија Станислав Жуков и Денер Јанима кои заминаа во тимот на Спартак Москва. Последните информации говорат дека во Скопје за натпреварот нема да пристигнат ниту, Виктор Киреев и левото крило Игор Сорока. Така сега, коефициентите се променија. За победа на Вардар се дава коефициент 2.80, додека за Мотор Запорожје коефицентот е 1.72.
Освен Кристопанс и Атман кои не се дел од тимот, црвено-црните ќе бидат и без Дисингер, додека во составот треба да се врати Данилл Шишкарев кој го пропушти мечот против екипата на Кил.