Македонсата фудбалска репрезентација во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Истите се закажани на 18 и 20. февруари на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
За овие натпревари селекторот Шкумбин Арслани повика и пет играчи од редовите на Вардар. Тоа се голманот Кристјан Китановски, потоа Виктор Крстевски, Леонид Игнатов, Али Асани и Петар Гугуљанов за кој ова ќе биде деби во националниот дрес.
Денес, вториот контролен натпревар против БИХ ќе го одигра селекцијата на Македонија до 16 година. Првиот го добивме во своја корист, со резултат 1:3.