Нашиот вардарец барачот, Нуров имаше речиси одлична 2017 година. Тој во составот на Европа го освои 3-то место на најбогатиот турнир во историјата на борењето во Грозни, Чеченија. Претходно беше “бронзен“ на турнирот „Дмитри Коркин“ во Русија. Учестуваше на СП во Париз, на ЕП настапи на турнирот „Али Алиев“ во Русија и серија други места каде покажа квалитет. Сето тоа беше забележано од Македонскиот олимписки комитет.
Македонскиот олимписки комитет (МОК) оваа недела, на пригодна церемонија ги потпиша стипендиските договори со 12-те македонски спортисти, кои се потенцијални учесници на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2020 година во Токио.
Станува збор за вкупна сума од околу 250.000 долари за стипендирање на 12-те спортисти во следните две и пол години (околу 8.000 долари месечно), обезбедена од програмата за олимписка солидарност на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Таа сума е речиси идентична на онаа наменета за 11-те стипендисти пред почетокот на ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро (Бразил). Спортистите не ги добиваат парите на сметка, туку МОК ќе ги покрива нивните трошоци за тренинзи и за настапи. Од нашиот БК Вардар стипендија доби борачот Могамедгаџи Нуров, кој воедно е и македонски репрезентативец. Одличниот црвено-црн вардаров борач, според одредената стипендија ќе прима 625 долари секој месец. Истата стипендија би му помогнала да обезбеди пласман на ЛОИ.